Израелскиот амбасадор во ОН: Ова се воени злосторства!
Амбасадорот на Израел во Обединетите нации, Гилад Ердан го обвини Хамас за воени злосторства и рече дека е време да се уништи „терористичката инфраструктура“ на палестинската милитантна група.
– Ова се воени злосторства, ова се очигледни документирани воени злосторства. Ерата на разумен третман на овие дивјаци заврши.
Сега е време да се уништи терористичката инфраструктура на Хамас, целосно да се збрише, за никогаш повеќе да не се повторат такви ужаси, изјави Ердан пред новинарите пред седницата на Советот за безбедност на ОН, која ќе се одржи вечерва зад затворени врати.
Тој додаде дека не гледа причина да не се продолжат преговорите за нормализација на односите на Израел со Саудиска Арабија, кои се водат со посредство на САД.
– Не гледам причина зошто тоа треба да се тргне од маса. Ние сè уште сакаме тоа да се случи, истакна Ердан.
Амбасадорот апелираше до меѓународната заедница да го поддржи Израел и да ги осуди акциите на Хамас.
Американски медиуми претходно денеска објавија дека е многу веројатно нападот на Хамас врз Израел да имал за цел „да ја наруши нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…