Објавено на:

Израелскиот министер за обрана: Се бориме со оската на злото и ќе победиме!

t

Израел води сеопфатна војна против милитантите на Хамас за да постигне трајни промени и да ја заштити својата иднина како просперитетна демократија, изјави денеска израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, нарекувајќи го Хамас дел од „оската на злото“ со Иран.

За време на прес-конференцијата со неговиот американски колега Лојд Остин, израелскиот министер беше прашан дали Техеран дал согласност за нападот на Хамас од Појасот Газа.

Не е важно, бидејќи идејата беше иранска, рече Галант.

На седмиот ден од борбите, Галант рече дека палестинските цивили кои „сакаат да си ги спасат животите“ мора да го послушаат предупредувањето на Израел и да се евакуираат на југ од енклавата.

Обединетите нации предупредуваат дека има хуманитарна криза од невидени размери.

Галант одби да одговори на новинарско прашање дали Израел ќе го почитува 24-часовното предупредување за евакуација што беше издадено утринава.

Ова е војна за постоењето на Израел како просперитетна, демократска држава, дом на еврејскиот народ, рече тој.

„Се бориме за нашиот дом. Се бориме за нашата иднина“, продолжи тој.

Патот ќе биде долг, но ви ветувам дека на крајот ќе победиме, заклучи Галант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…