Израелскиот МНР удри по Гутереш: Не заслужува да биде шеф на ОН!
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш не заслужува да биде шеф на Обединетите нации, изјави денеска израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен.
„Гутереш не заслужува да биде на чело на Обединетите нации. Тој не охрабрува никаков мировен процес во регионот. Мислам дека Гутереш, како и претставниците на сите слободни народи, треба јасно и гласно да каже: Oслободete ja Газа од Хамас“, рече Коен на прес-конференција одржана во ОН во Женева.
Запрашан да ја коментира изјавата на министерот, портпаролот на Гутереш, Стефан Дујарик, одговори дека „генералниот секретар ја продолжува својата работа со челични нерви, мирен, решителен, воден од праведни принципи, особено принципите на Повелбата на ОН, во согласност со меѓународните хуманитарни закон и Универзалната декларација за човекови права“.
Не е првпат Израел да го критикува генералниот секретар на ОН од почетокот на војната што започна по крвавиот напад на Хамас на 7 октомври. На крајот на октомври, неколку израелски функционери, меѓу кои и Ели Коен, го изразија својот гнев по изјавите на Гутереш во Советот за безбедност, особено посочувајќи го делот од неговиот говор во кој тој рече дека верува оти нападите на Хамас „не дошле од никаде”.
Израелскиот министер потоа ја откажа средбата со генералниот секретар што требаше да се одржи во седиштето на ОН во Њујорк, а израелскиот амбасадор во ОН, Гилад Ердан, го повика да поднесе оставка, барање што го повтори неколку пати оттогаш.
Гутереш одговори дека е „шокиран од пристрасното толкување“ на неговите изјави за Хамас, нагласувајќи дека не ги оправдува крвавите напади на палестинското исламистичко движење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…