Израелскиот опозициски лидер Лапид повикува на „силен“ одговор на нападот од Иран: „Непријателите да знаат, Израел ќе биде победник!“
Лидерот на опозицијата во Израел, Јаир Лапид повика на „силен“ одговор на синоќешниот напад со балистички ракети од Иран.
„Има нешто што треба да им биде јасно на нашите непријатели: Израел ќе биде победник“, вели тој во изјавата.
„Со нашите воени капацитети, нашите одбранбени индустрии, поддршката на нашите сојузници и особено силата на нашиот неверојатен народ“, продолжува поранешниот премиер, „знаеме дека дури и кога цената е висока, ќе победиме“.
Техеран, вели тој, „ќе плати значајна и висока цена за синоќешниот напад. Техеран знае дека Израел доаѓа. Одговорот треба да биде остар и треба да испрати недвосмислена порака до оската на тероризмот во Сирија, Ирак, Јемен, Либан, Газа и во самиот Иран“.
Лапид, исто така, повикува на регионална стратегија дизајнирана да донесе промени во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…