Објавено на:

Израелскиот суд ја продолжи забраната за Ал Џезира

t

Ал Џезира, која емитува на арапски и англиски, згасна од емитувањето во Израел по првична наредба за 45 дена на почетокот на минатиот месец. Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху имаше долготрајна расправија со Ал Џезира која се влоши од почетокот на војната во Газа во октомври.

„Окружниот суд во Тел Авив ги потврди упатствата на министерот за комуникации да го запре емитувањето на каналот Ал Џезира, да ги затвори неговите бироа во Израел, да го блокира пристапот до неговите веб-страници и да ја заплени опремата“, соопшти Министерството за правда.

Наредбата, издадена вчера по барање на обвинителството за нејзино потврдување и продолжување, беше за дополнителни 35 дена, објави Министерството на својата веб-страница.

Исклучувањето не влијае на преносите од окупираниот од Израел Западен Брег или од Појасот Газа, од кои Ал Џезира се уште ја покрива израелската војна со палестинските милитанти на Хамас.

Парламентот усвои закон за безбедност во април со кој му се овозможува да ги забрани емитувањата на странските медиуми во Израел кои ја „поткопуваат безбедноста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…

Белата куќа побарала од Пентагон и од…

Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…

Мицкоски: Македонија е на иста маса со…

Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…

Дете претепано во тоалет од основно училиште

На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…

Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…