Објавено на:

Израелски воени авиони го нападнаа појасот Газа!

t

Израелски авиони нападнаа неколку воени цели во Појасот Газа рано утринава, откако Палестина истрела ракета во јужен Израел.

Како што соопшти израелската армија, целта била објект за производство на оружје и подземен тунел на палестинската организација Хамас, коај владее во Газа од 2007 година.

Армијата соопшти дека при нападот на таа територија биле истрелани проектили од Газа.

Ниту една палестинска организација не ја презеде одговорноста за ракетата што падна на отворен простор во близина на граничната ограда меѓу Газа и Израел во саботата навечер.

Хамас и другите организации во голема мера го почитуваат неофицијалниот договор за затишје во замена за илјадници дозволи за работа во Израел.

Појасот Газа е под блокада на Израел и Египет за да се спречи вооружувањето на Хамас.

Противниците на блокадата предупредуваат дека тоа е колективна казна која и штети на Газа со 2,3 милиони жители.

И додека Газа е главно мирна, тензиите се зголемуваа со месеци на Западниот Брег, каде што палестинската управа има ограничена контрола врз делови од територијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…