Израелски експерт: Ковид-19 никогаш нема да исчезне

t

Генералниот директор на Министерството за здравство на Израел, професорот Нахман Еш, изјави дека Ковид-19 веројатно никогаш нема да исчезне додека новиот подсој на омикрон БА.2 продолжува да се шири во светот.

-Новооткриениот коронавирус „не исчезна и веројатно нема да исчезне“, рече Еш.

Подсојот на омикрон, за кој се верува дека е позаразен од веќе високо заразниот омикрон, сè уште претставува мал број случаи во Израел.

-Постојано ќе се појавуваат нови варијанти. Важно е да се обидеме да бидеме подготвени, да ги следиме новите соеви и да процениме колку тие можат да бидат опасни, рече генералниот директор на израелското министерство.

Во понеделник во Израел се регистрирани речиси 44.000 нови случаи на зараза со коронавирус, направени се околу 182.000 тестови, а позитивноста е 24 отсто, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Ова е 36-та недела по ред како во таа земја се дијагностицираат повеќе од 10.000 случаи на инфекција дневно, јавуваат израелските медиуми.

Од почетокот на оваа година регистрирани се речиси 1.876.000 нови случаи на зараза, а од почетокот на февруари 282 лица починале од компликации предизвикани од вирусот.

Најголем број на смртни случаи во бранот на омикрон е забележан во вторник минатата недела, 59.

Од почетокот на пандемијата во Израел, починале 9.226 луѓе.

Повеќе од 673.000 Израелци ја примиле четвртата доза од вакцината против коронавирус, околу 4.450.000 примиле три дози, а нешто повеќе од 6.100.000 примиле две дози од вкупното население од 9,4 милиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Израел ги повикува амбасадорите и испраќа „силна…

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека…

Едно лице загина, а осум се ранети…

Едно лице загина, а осум се ранети…

Белата куќа нема коментар за израелските напади…

Белата куќа нема коментар за израелските напади…

Ердоган: Нетанјаху е единствениот виновен за тензиите…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави…