Објавено на:

Израелски министер: Мора да продолжиме со борбата и покрај наредбата на Меѓународниот суд на правдата

t

И покрај денешната наредба на Меѓународниот суд на правдата Израел веднаш да ги прекине воените операции во градот Рафа, во Појасот Газа, израелскиот министер Бени Ганц, член на Воениот кабинет, изјави дека Израел мора „да ја продолжи борбата“.

Ганц телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен од штабот на израелската армија во Тел Авив, а потоа најавил дека Израел ќе продолжи да „дејствува во согласност со меѓународното право“ во Рафа, пренесоа израелските медиуми.

„Државата Израел води праведна и неопходна кампања откако брутална терористичка организација масакрира нашите граѓани, ги силуваше нашите жени, киднапираше нашите деца и испука ракети во центарот на нашите градови“, рече Ганц.

Тој тврди дека оваа земја „е должна да ја продолжи борбата за враќање на своите граѓани“ кои се заложници на Хамас и да обезбеди безбедност на сите граѓани на секое место, вклучително и Рафах.

„Ние ќе продолжиме да дејствуваме во согласност со меѓународното право во Рафах и каде и да оперираме и ќе правиме напори да избегнеме да им наштетиме на цивилите, не поради Хашкиот трибунал, туку пред се поради тоа кои сме ние“, најави Ганц, поранешен началник на Генералштабот на Израел.

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид ја осуди наредбата на Меѓународниот суд на правдата бидејќи тој суд не го поврза барањето за прекин на воената акција со барањето за враќање на израелските заложници приведени во Газа.

Лапид, кој е остар критичар на премиерот Бенјамин Нетанјаху, рече дека „неуспехот на тој суд“ на ОН да ги поврзе овие две работи е „морален колапс и морална катастрофа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…