Израелски политичар ја повтори скандалозната изјава: „Нема невини во Газа“
Политичар од Израел изјави дека Газа треба да се запали. Израелскиот политичар и заменик претседател на парламентот (Кнесет), Нисим Ватури, денеска го повтори својот повик да се запали Газа, отворено кажувајќи дека „таму нема невини“.
Ватури во ноември лани изјави дека Израел не смее да направи „ништо помалку од тоа да ја запали цела Газа“ и „да ја уништи“, додавајќи дека „Газа е Хамас“.
Денеска, за радиото „Хакол Барамах“, овој екстремен еврејски политичар изјави дека не се кае за своите зборови и дека стои на нив, додавајќи дека „подобро е да се запалат зградите отколку да се повредуваат војници“.
Алудирајќи на Палестинците кои останаа на северот на Газа, Ватури денеска кажа дека ги има стотици и дека тој за нив нема милост.
„Потребно е да ги елиминираме“, рече израелскиот политичар.
Хамас на 7 октомври лани почна со напади на Израел, со барање за формирање независна држава Палестина со главен град Ерусалим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…