Израелците ги разлути изјавата на шпанскиот премиер Санчез, го обвинија за поддршка на тероризмот
За изјавата на шпанскиот премиер Педро Санчез, кој најави дека оваа земја може да ја признае државата Палестина, се огласи и министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, кој го осуди овој чин на Санчез.
Министерството за надворешни работи на Израел ги повика амбасадорите на Шпанија и Белгија поради изјавите на Санчез и Де Кро во Египет.
„По зборовите на шпанскиот и белгискиот премиер, министерот за надворешни работи Ели Коен нареди да бидат поканети на разговор амбасадорите на двете земји“, соопшти израелското министерство.
Педро Санчез навести дека Шпанија ќе ја признае независна Палестина дури и без остатокот од Европската унија.
Исто така, пораката ја испратил и самиот Коен.
„Ги осудуваме лажните изјави на шефовите на влади на Шпанија и Белгија кои го поддржуваат тероризмот“, рече тој.
За изјавите зборуваше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Шпанскиот и белгискиот премиер не го сметаа Хамас целосно одговорен за злосторствата против човештвото што ги извршија – масакрот на израелските граѓани и користењето на Палестинците како жив штит“, рече Нетанјаху. За изјавата на шпанскиот премиер Педро Санчез, кој најави дека оваа земја може да ја признае државата Палестина, се огласи и министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, кој го осуди овој чин на Санчез.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…