Израел води разговори за ослободување на заложниците во Газа
Израел води разговори за ослободување на заложниците кои се држат во Газа, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху пред претставниците на Форумот за заложници и исчезнати семејства.
„Во моментов водиме разговори. Не можам да кажам повеќе за статусот на преговорите – работиме да ги вратиме сите дома. Тоа е нашата цел“, им рече премиерот на семејствата на заложниците.
Воениот кабинет на Израел, кој треба да се состане подоцна оваа вечер, ќе разговара за предлогот на Катар за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа, објави израелската телевизија Канал 12.
Шефот на Мосад, Дејвид Барнеа треба да присуствува на состанокот на владата за да им открие детали за предлогот на Катар на министрите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…