Објавено на:

Израел го нападна Либан, ЕУ со осуда за настанот

t

Израелските воени сили извршиле ракетни и воздушни удари врз цели на Хезболах во јужен Либан, откако претходно на „X“ објавија кои објекти и локации ќе бидат гаѓани.

Нападите ги погодија селата Тајбе, Тир Деба и Ајта ел-Џабал; локални извори наведуваат дека зграда во Тир Деба е оштетена. Во предупредувањето Израел порача жителите да се оддалечат од конкретни објекти поврзани со Хезболах, нагласувајќи дека не станува збор за масовна евакуација. Известувачи на терен опишуваат сцени на паника: родители набрзина земале деца од училишта, сообраќајот бил закочен по локалните улици.

Либанското Министерство за здравство претходно соопшти за едно загинато лице и осум повредени во одделен израелски удар во близина на Тир, за кој Израел тврди дека бил насочен кон инфраструктура и членови на Хезболах. Израел, со поддршка од САД, инсистира на „целосно разоружување“ на групата и редовно ја обвинува за возобновување на операции покрај границата.

Европската унија ги осуди последните израелски воздушни напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето постигнато со либанското шиитско движење Хезболах пред една година.

– ЕУ го повикува Израел да ги прекине сите дејства што ги прекршуваат резолуциите на ОН и договорот за прекин на огнот постигнат во ноември 2024 година, изјави денеска портпарол на ЕУ за надворешна политика.

– Во исто време, ги повикуваме либанската страна, особено Хезболах, да се воздржат од какви било дејства или реакции што би можеле дополнително да ја влошат ситуацијата. Сите страни треба да работат на зачувување на примирјето и на досегашниот напредок, додаде портпаролот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…