Објавено на:

Израел: Го напаѓаме Хамас во сите делови на Газа

t

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Џонатан Конрикус изјави дека израелската армија „напаѓа во сите делови на Појасот Газа“. Израел ќе ја „зголеми“ хуманитарната помош за Палестинците во Појасот Газа, додаде тој.

„Ние ги фокусираме нашите активности на северниот дел на Газа, каде што е седиштето на Хамас, но продолжуваме со нападите и во другите делови на Газа. Ги ловиме нивните команданти, ја напаѓаме нивната инфраструктура и секогаш кога ќе се појави важна цел – ја напаѓаме“, рече тој.

ИДФ тврди дека погодила околу 300 цели и убила „многубројни“ борци на Хамас во изминатите 24 часа. Се вели дека биле погодени противтенковски ракетни фрлачи, ракетни фрлачи и воени објекти во подземните тунели.

„За време на копнените операции на силите, војниците имаа неколку судири со терористички ќелии кои истрелуваа противтенковски проектили кон нив“, се вели во соопштението на ИДФ. „Војниците ги убија терористите и ги насочија воздухопловните сили да напаѓаат цели и терористичка инфраструктура“, се додава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…