Израел го обвини Гутереш дека е на страна на Xамас
Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен го обвини генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш дека, како што наведе, „зазема страна со Хамас во повикот за прекин на огнот во Појасот Газа“, пишува „Тајмс оф Израел“.
„Повикувањето на членот 99, кој не е искористен за војната во Украина или граѓанската војна во Сирија, е уште еден пример за пристрасниот и едностран став на Гутереш“, напиша Коен на мрежата Х.
Според неговата проценка, повикот за прекин на огнот „ја срами позицијата на генералниот секретар“ и го претставува „знакот на Каин“ во ОН, наведува Танјуг.
Израелскиот министер повтори дека прекинот на огнот во овој момент ќе го спречи уништувањето на палестинската милитантна група Хамас, која врши воени злосторства и злосторства против човештвото, и ќе овозможи да продолжи да владее во Газа.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш претходно оваа недела за прв пат се повика на членот 99 од Повелбата на Обединетите нации, кој му дозволува на шефот на ОН да го извести Советот за безбедност на секое прашање што, според него, може да го загрози зачувувањето за меѓународниот мир и безбедност и предупреди на „хуманитарна катастрофа“ во Газа, повикувајќи на прекин на огнот.
Во петокот, САД ставија вето на резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации за актуелниот прекин на огнот во Газа.
За резолуцијата гласаа 13 членки на Советот за безбедност на ОН, еден воздржан и еден глас против.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…