Израел го уби самопрогласениот премиер на Хутите во воздушен напад во Јемен
Бунтовничкото движење на Хутите од Јемен потврди дека нивниот самопрогласен премиер, Ахмед Галеб Насер ал-Рахави, е убиен во израелски воздушни напади извршени претходно оваа недела.
Групата, која е поддржана од Иран, соопшти дека и неколку други високи функционери загинале кога израелските одбранбени сили (ИДФ) во четвртокот ја гаѓале јеменската престолнина Сана. ИДФ тогаш објави дека нападнала „воена цел“ на Хутите во областа на Сана, без да наведе дополнителни детали.
Хутите, кои контролираат голем дел од северозападен Јемен од 2014 година, потврдија дека покрај Рахави, убиени се и неколку министри, но не ги именуваа. Саудискиот медиум „Ал-Хадат“ јави дека меѓу загинатите се и министрите за надворешни работи, за правда, за млади и спорт, како и за социјални прашања и труд.
Од кабинетот на претседателот на Хутите, Махди Ал-Машат, соопштија дека неколку други министри се здобиле со „умерени и сериозни повреди“. За вршител на должноста премиер е назначен Мухамед Ахмед Мифтах, досегашниот вицепремиер. Рахави беше на функцијата од август 2024 година.
Израелските одбранбени сили сè уште не ги коментирале последните информации.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа, Хутите редовно лансираат проектили кон Израел и напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, тврдејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците. Како одговор, Израел изведува воздушни напади врз цели во деловите на Јемен кои се под контрола на Хутите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…
Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…
Хутите со ракети ја погодија претседателската палата…
Јеменските Хути истрелаа ракети кон комплексот на…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
(Видео) Сателитски снимки покажуваат голем облак чад…
Голем облак чад е забележан над нафтениот…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…