Израел доби зелено светло од САД: „Напаѓајте“
Соединетите Американски Држави денес ги одобрија плановите на Израел за проширување на борбата против либанската милитантна група „Хезболах“ во наредните денови.
Сепак, како што објавија израелските медиуми, Вашингтон ја предупреди израелската влада да не го напаѓа Бејрут поради загриженост дека тоа ќе ги оштети преговорите со Иран.
Во понеделник вечерта, американскиот амбасадор Мајк Хакаби ја информираше Белата куќа за намерата на Израел да ги прошири операциите во Либан, а американската порака беше „да не се уриваат зградите во Бејрут“, објави израелскиот „Канал 12“.
Израелскиот јавен сервис „Кан“ цитира неименуван израелски безбедносен функционер, кој рече дека ако оперативните планови останат ограничени на јужен Либан, Израелските одбранбени сили (ИДФ) можат да му наштетат на Хезболах, но нема да ги запрат експлозивните напади со беспилотни летала кои се главната причина за интензивирање на борбите.
„Треба да направиме многу повеќе. Израелскиот суверенитет се нарушува секој ден. Израелските одбранбени сили покажуваат значителна воздржаност бидејќи дејствуваат во согласност со договорите со САД и либанската влада. Не можеме да ја прифатиме сегашната реалност без да можеме да одговориме“, рече висок функционер на ИДФ, објави „Танјуг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пекинг му одговори на Вашингтон: Не прифаќаме…
Кина остро реагираше на новите американски мерки…
Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
Белорусија ослободува политички затвореници во замена за…
Белорусија започна нова рунда помилувања на политичките…
Ирански дронови и ракета погодија брод ангажиран…
Ирански дронови и ракета нападнале брод ангажиран…