Објавено на:

Израел до Хамас: Не правете грешка, портите на пеколот ќе се отворат

t

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска му се закани на Хамас дека „портите на пеколот ќе се отворат“ доколку терористичката група наскоро не ги ослободи израелските заложници.

Говорејќи на настанот по повод 33-годишнината од смртта на поранешниот премиер Менахем Бегин, Кац рече дека и покрај постојаното прекршување на договорот од страна на милитантната група Хамас и отфрлањето на рамката понудена од специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, Израел одговорил на барањето на посредникот за Израел, да дозволи уште неколку дена преговори, објави Тајм.

Како што рече, во меѓувреме Израел ја запре испораката на хуманитарна помош за Газа.

„Хамас не треба да погреши, ова е само почеток. Доколку Хамас наскоро не ги ослободи заложниците, портите на Газа ќе бидат заклучени и портите на пеколот ќе се отворат“, нагласи тој.

Израелската влада вчера го запре влезот на хуманитарна помош во Појасот Газа, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху одби да ги започне преговорите за втората фаза од договорот за прекин на огнот.

Договорот стапи на сила на 19 јануари, а во првата фазам Хамас ослободи 30 заложници, додека стотици палестински затвореници беа ослободени од израелските затвори.

Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, планира да се врати во регионот во наредните денови за да се вклучи во продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа или договор за втората фаза, објави денеска Стејт департментот.

„Специјалниот пратеник Виткоф планира да се врати во регионот во наредните денови за да најде начин да ја продолжи првата фаза или да премине во втората фаза“, рече портпаролот на Стејт департментот, пренесе Ројтерс.

Портпаролот повтори дека американскиот претседател Доналд Трамп и американскиот државен секретар Марко Рубио инсистирале заложниците „веднаш да бидат ослободени, вклучително и американските заложници“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…

Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…