Израел елиминира еден од командантите на елитна единица на Хезболах
Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека во воздушен напад во јужен Либан елиминирала еден од командантите на елитната единица Радван.
Според ИДФ, Али Ахмед Хасин, кој имал чин на бригаден генерал, е обвинет за напади на северниот израелски дел од територијата, гребенот Рамим, област која од почетокот на војната со палестински Хамас е под постојани напади со ракети и беспилотни летала, соопшти „Тајмс оф Израел“.
„Според улогата што ја имаше, тој беше одговорен за планирање и извршување на терористички акции против израелските сили во близина на гребенот Рамим“, соопшти ИДФ.
Хасин беше нападнат во јужниот либански град Ас-Султанија, а ИДФ додаде дека во нападот биле убиени уште двајца оперативци на Хезболах под негова команда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…