Израел изврши воздушен напад на границата со Либан!
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле воздушен напад врз терористичка ќелија која дејствувала на границата со Либан, во близина на Ханита.
Тенкови, исто така, гранатираа цели на Хезболах во јужен Либан и пограничната област во близина на Жирон, со цел „да се отстрани заканата“.
Во меѓувреме, мобилниот систем за противвоздушна одбрана на Израел „Железна купола“ пресретна „сомнителна цел“ која влегла во израелскиот воздушен простор од Либан, активирајќи ги сирените во неколку градови, се вели во соопштението на ИДФ, пишува „Тајмс оф Израел“.
Израелската војска претходно објави дека лоцирала складишта за оружје и фабрики за производство на Хамас во Ататра и Џабалија во северниот дел на Газа. ИДФ тврди дека војниците пронашле голем број огнено оружје, ракети и експлозиви.
„Војниците извршија рации во блиските домови на оперативци на Хамас, пронајдоа дополнително оружје и разузнавачки материјали“, се додава во соопштението.
Според ИДФ, војниците пронашле и слики од деца во униформи на Хамас, кои позираат со оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…