Објавено на:

ИЗРАЕЛ ИМА ПЕКОЛЕН ПЛАН ЗА ПОЈАСОТ ГАЗА: Тајно преговара со Конго за преселување на Палестинците

t

Израелските власти води тајни преговори со африканската држава Конго и неколку други земји за потенцијално прифаќање бегалци од Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми.

-Конго е подготвен да прими бегалци, но ние сме во преговори и со други – изјави висок функционер на израелската служба за безбедност за „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот министер за разузнавање Гил Гамлиел, вчера во Кнесетот изјави дека на крајот на војната владата на Хамас ќе пропадне, нема да има локални власти, а цивилното население ќе биде целосно зависно од хуманитарна помош.

-Нема да има работа, а 60% од земјоделското земјиште во Газа ќе стане безбедносна тампон зона – рече министерот Гамлиел.

Тој додаде дека омразата (на Израел) ќе продолжи во Газа и дека новите напади врз Израел се само прашање на време. Тој рече и дека проблемот со Газа не е само израелски проблем.

– Светот треба да ја поддржи хуманитарната емиграција, бидејќи тоа е единственото решение што го гледам – рече министерот Гамлиел.

Официјален Вашингтон во вторникот ги осуди екстремно десничарските израелски министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир за залагањето за преселување на Палестинците од Газа.

– Оваа реторика е запалива и неодговорна – рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…

Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…

По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…

Големиот пожар што денеска избувна во Волково…

Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…

Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…

20-годишен припадник на албанската армија убиен во…

Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…