Израел конечно се согласи: Се воведуваат хуманитарни паузи во Газа!
Израел се согласи да воведе четиричасовни дневни хуманитарни паузи во нападите врз Хамас во северниот дел на Газа почнувајќи од четврток, соопшти Белата куќа, додека претседателот Џо Бајден ги притиска Израелците за повеќедневен прекин на борбите во обид да ги ослободи заложниците што ги држи милитантната група, пренесе Асошиејтед прес.
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби рече паузите произлегле од дискусиите меѓу американските и израелските официјални лица во последните денови, вклучително и разговорите на американскиот претседател Џо Бајден со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Кирби рече дека паузите ќе им овозможат на луѓето да се извлечат од опасноста, а ќе послужат и за испорака на хуманитарна помош и како начин да се извлечат заложниците.
„Израелците ни кажаа дека нема да има воени операции во овие области за време на паузата и дека овој процес започнува денес“, рече Кирби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху е спремен да му ја предаде…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…