Објавено на:

Израел користи делфини yбиjци за нaпад врз палестинските поморски специјалци, тврди Хамас

t

Палестинскиот Хамас, кој владее во Појасот Газа, тврди дека нејзините поморските специјални единици биле нападнати од делфин, оперативец на израелските вооружени сили во борбена опрема, објавија денеска израелските медиуми.

Израелските сили користеле делфини за да ги нападнат поморските оперативци на Хамас, објави Ал Кудс, но не соопшти кога.

Поморските оперативци на Хамас беа бркани во морето од делфин опремен со направа што може да ги убие, изјави Абу Хамза, портпарол на поморските командоси на военото крило на Хамас, бригадата Ал Касам.

„Делфините убијците постојат, според она што го објави Хамас“, рече на Твитер Џо Тразман, аналитичар во Американската фондација за одбрана на демократиите.

Припадник на поморските оперативци на Хамас налетал делфинот убиецот, а опремата што ја носел наводниот убиец била прикажана во публикацијата на таа организација.

Не е наведено како функционира и за каква направа станува збор, но Ал-Кудс тврди дека уште еден сличен инцидент се случил во август 2015 година, кога морски цицач бил опремен со камера и оружје на далечинско управување кое може да истрела проектили слични на харпун.

Истиот весник тврди дека Хамас успеал да го фати тој делфин, но не наведува што се случило со него и дали се уште е во заробеништво.

Според Би-Би-Си, израелските сили „против негова волја“ го претвориле делфинот во убиец.

Хамас беше исмеан на социјалните мрежи поради најновото тврдење, а некои корисници на Твитер прашаа дали делфинот има ласерско оружје, што е алузија на негативците од комедијата Остин Пауерс кои бараат ајкулите да имаат ласери на главите.

Израел и претходно беше обвинет дека користи вооружени животни за воени цели.

Во 2010 година, гувернерот на јужниот дел на Синај, Мухамед Абдел Фадил Шуша, сугерираше дека нападите на смртоносните ајкули во одморалиштето Шарм Ал Шеик биле дел од операцијата на Мосад чија цел е да му наштети на египетскиот туризам.

Една година подоцна, саудиските власти ја држеле ајкулата „во притвор“ под сомнение дека шпионирала за Израел затоа што не ја разбрале целта на уредот за надзор што ја носела.

Турските власти задржаа сомнителна израелска птица во 2013 година, но ја ослободија откако утврдија дека нема опрема за надзор.

Морските животни се користат за воени цели, но најчесто за надзор, а не за убиства, како што тврди Хамас, пренесува Бета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ултиматум на Бајден до Нетанјаху: Сменете ја…

Американскиот претседател Џо Бајден во текот на…

Доналд Трамп му порача на Израел што…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…

„Шпигел“: Во Бугарија откриено складиште за оружје…

Бугарските истражни органи откриле складиште со оружје…

Блинкен бара брза и непристрасна истрага за…

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, кој…

Тајмс оф Израел: 6 загинати во наводниот…

Сириските медиуми јавуваат за наводни израелски воздушни…