Израел нареди милион Палестинци за 24 часа да се евакуираат јужно од Газа
Израелската армија (ИДФ) ги извести Обединетите нации дека целото палестинско население на северот на Газа – околу 1,1 милион луѓе – треба да се пресели во јужниот дел од областа во рок од 24 часа, изјави портпаролот на ОН.
Предупредувањето на ИДФ се однесува и на персоналот на Обединетите нации и оние кои се сместени во објектите на ОН во северниот дел на Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.
Обединетите нации сметаат дека е невозможно да се спроведе таква акција без разорни хуманитарни последици. ОН силно апелираат секоја таква наредба, доколку биде потврдена, да се повлече за да се избегне она што од трагедија може да се претвори во катастрофална ситуација – вели портпаролот на ОН.
Тој додаде дека предупредувањето било доставено до тимовите на ОН на терен од нивните офицери за врска во ИДФ.
Израел веќе ги исклучи водата, струјата и гасот за Појасот Газа, а новото предупредување од ИДФ може да укаже дека израелската армија е подготвена за копнена инвазија, пишува „Тајмс оф Израел“.
Амбасадорот на Израел во Обединетите нации, Гилад Ердан, ги критикуваше ОН за нивната реакција на предупредувањето на израелската армија.
Тој додаде дека би било подобро ОН да се фокусираат на враќање на затворениците, осуда на палестинската милитантна група Хамас и поддршка на правото на Израел да се брани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…
Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…
Двајца израелски војници се убиени во Јужен…