Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа
Израел сè уште не го одобрил распоредувањето на Меѓународните сили за стабилизација (ISF) во Газа, како што е предвидено во повоениот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, објави денес канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Спротивно на медиумските извештаи, политичкиот ешалон не го одобрил влезот на меѓународните сили во Појасот Газа“, се вели во соопштението, како што објави „Тајмс оф Израел“.
Се додава дека „Израел јасно стави до знаење дека нема да има реконструкција“ во Појасот Газа сè додека палестинското милитантно движење Хамас не биде „целосно разоружано“.
Израелските власти минатиот месец изјавија дека израелскиот кабинет за безбедност гласал за одобрување на одредени законски мерки што би овозможиле ограничен влез на Меѓународните сили за стабилизација, како дел од мировниот план за Газа предводен од Мировниот комитет, кој би вклучувал 200 војници од „пријателски земји“.
Планот предвидува распоредување на мировници во Газа за да ја обезбедат областа по повлекувањето на израелските сили, како и помош во други безбедносни и хуманитарни напори.
Иако Хамас се согласи со планот за разоружување на Мировниот комитет во јули, процесот е во застој бидејќи Нетанјаху инсистира дека нема да има повлекување на Израел сè додека милитантната група целосно не се разоружа, објави „Тајмс оф Израел“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…