Израел: Не сме ние виновни, повеќето од палестинските цивили загинаа во стампедо
Израелската армија, врз основа на прелиминарната истрага за смртта на Палестинците кои чекале хуманитарна помош, утврдила дека израелските сили не ги нападнале палестинските цивили и дека повеќето од нив загинале во стампедо, објави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари.
Хагари изјавил дека во прелиминарната истрага, во која биле собрани информации од команданти и сили на терен, било утврдено дека израелската армија не го нападнала подрачјето каде што се наоѓал конвојот со хуманитарна помош.
Хагари посочи дека подетална истрага за тој инцидент води независно и стручно тело кое, како што најави, ќе ги објави своите наоди во наредните денови.
„Повеќето Палестинци беа убиени или повредени во стампедото“, рече Хагари, пренесе Ројтерс.
Хагари тврди дека израелската армија испукала неколку предупредувачки истрели за да го растера стампедото, а неколку Палестинци потоа им се приближиле на израелските сили откако тие почнале да се повлекуваат.
Хагари изјави дека овие Палестинци претставувале непосредна закана за израелските сили кои, како што истакна, одговориле со напад на неколку лица.
Според палестинската милитантна група Хамас, повеќе од 100 луѓе загинаа, а повеќе од 700 се повредени во четвртокот кога израелската армија отворила оган врз Палестинците кои чекале на линија за храна југозападно од градот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…