Израел објави нова мапа на окупираниот Либан: Преговараат со САД да „го задржат военото присуство“
Израелската војска во четврток објави мапа на која се прикажува проширена зона на контрола за своите трупи во јужен Либан, додека израелските претставници изјавија за Ројтерс дека Израел е во преговори со САД за продолжување на распоредувањето на своите сили. Привремениот договор потпишан во среда, со кој се завршува војната меѓу САД и Израел против Иран, повикува на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и Либан, и ги обврзува страните да го обезбедат „територијалниот интегритет и суверенитет на Либан“, објавува Ројтерс.
Израел ги отфрли повиците за повлекување на трупите од јужен Либан, кој го нападна во март како одговор на ракетниот оган од проиранската милиција Хезболах. Израелските напади и уништувањето на селата убија илјадници луѓе и предизвикаа голема криза со раселување.
Хезболах продолжи со нападите врз израелските позиции на југ оваа недела, вклучително и употребата на експлозивни беспилотни летала кои убија и повредија израелски војници.
Двајца израелски претставници, вклучително и висок функционер близок до премиерот Бенјамин Нетанјаху, рекоа дека Израел е во преговори со САД за одржување на воено присуство во јужен Либан. Високиот функционер ја опиша израелската страна во разговорите како „тврдоглава“.
Војската објави мапа на својата таканаречена тампон-зона во јужен Либан во април, а сега презентираше нова мапа на која се прикажани нејзините сили кои дејствуваат неколку километри подлабоко во земјата, вклучувајќи ги и областите во близина на упориштето на Хезболах во Набатија, северно од реката Литани.
На мапа објавена во четврток, војската ја опиша областа означена со темно црвена боја како: „Безбедносна зона каде што војниците на израелските одбранбени сили (ИДФ) дејствуваат во јужен Либан“.
Меѓу Бенџамин Нетанјаху и Доналд Трамп постојано доаѓа до судири во последните недели, бидејќи американскиот претседател се обидуваше да се повлече од војната со Иран што ја започна со својот долгогодишен израелски сојузник.
Израелските претставници изразија незадоволство од договорот меѓу САД и Иран, кој двете страни го потпишаа во среда, велејќи дека тој не ги решава доволно загриженостите на Израел за нуклеарната програма на Иран и може да ги ограничи неговите воени операции во Либан.
Трамп не ја криеше својата фрустрација од Нетанјаху и ги критикуваше воените акции на Израел во Либан, велејќи дека е непотребно да се бомбардираат цели станбени згради за да се ловат членови на Хезболах.
Тој рече дека ако Израел не може да се справи со Хезболах без да убие многу цивили, можеби Сирија би можела да го стори тоа поуспешно.
Од друга страна, Нетанјаху се соочува со избори оваа година. Ако не остане на власт, ќе му биде тешко да избегне обвиненија за корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел објави нова мапа на окупираниот Либан:…
Израелската војска во четврток објави мапа на…
(Фото) Во Баница поставена плоча за Гоце…
Бугарија не губи време во присвојувањето на…
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Филипче повторно јасно и гласно…
„Продолжената рака на Зоран Заев, кој верно…
Украле 3.5 милиони евра и избегале од…
Два цели денови им беа потребни на…
Нов притисок врз Рама од Брисел поради…
Албанија се соочува со засилен притисок од…