Објавено на:

Израел потврди дека ги ликвидираше командантите на „Џама исламија“ и „Хезболах“

t

Двајца борци од исламистички групи беа убиени денеска при одделни израелски напади со дронови во Јужен Либан, соопштија безбедносни извори, пренесе ДПА.

Израелски дрон погодил автомобил близу градот Бауерта, 20 километри јужно од Бејрут, при што загинал висок командант на групата „Џама исламија“, сојузник на Хамас – Хусеин Атави. Според либанските безбедносни служби, тој бил водечки командант во военото крило на групата – силите „Фаџр“.

Набргу потоа, член на „Хезболах“, Али Хашем Кајед, бил убиен при друг напад врз камион во градот Хања. Видеа на социјалните мрежи прикажуваат како ракетен удар го погодува камионот, а маж – идентификуван како Кајед – бега пред да биде погоден повторно.

Израелската војска го потврди убиството на Атави, опишувајќи го како „значаен терорист“ кој со години учествувал во напади со ракети и организирал терористички акции, вклучително и во странство.

Либан, „Хезболах“ и „Џама исламија“ ги осудија нападите и го нарекоа израелското воено присуство кршење на суверенитетот. Израел, пак, тврди дека нападите се нужни поради закана по цивилното население.

Минатата недела либанската армија уапси неколку Либанци и Палестинци осомничени за ракетни напади, меѓу кои и тројца припадници на Хамас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…