Објавено на:

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

t

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир.

Комитетот го одобри амандманот на кривичниот закон, кој сега ќе биде испратен во парламентот за гласање на прво читање. Законот во Израел се усвојува откако ќе се гласа на трето читање.

Според израелскиот омбудсман за заложници Гал Хирш, премиерот Бенјамин Нетанјаху ја поддржа иницијативата.

Во образложението на одборот се наведува дека „неговата цел е да се прекине тероризмот во почетна фаза и да се создаде силно одвраќање“.

Во законот се наведува дека „терорист осуден за убиство мотивирано од расизам или омраза (…) мора да биде осуден на смрт“, додавајќи дека казната нема да биде предмет на преиспитување.

Предлог-законот го поднесе пратеник од крајно десничарската партија Оцма Јехудит (Еврејска моќ) на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир.

Бен-Гвир се закани дека ќе престане да гласа во корист на десничарската коалиција на Бенјамин Нетанјаху ако законот не биде ставен на гласање во парламентот до 9 ноември.

„Секој терорист кој се подготвува да изврши убиство мора да знае дека постои само една казна: смртна казна“, рече министерот во соопштението во понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…

Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…