Израел се скара и со „Амнести интернешенел“, била „антисемитска“
Израел ја критикуваше Амнести Интернешнл како „пристрасна“ откако групата за права објави изјава во која се вели дека „сериозните прекршувања на меѓународното хуманитарно право, вклучително и воените злосторства од сите страни во конфликтот продолжуваат со несмалено темпо“.
Амнести во четвртокот повика на „итен прекин на огнот од сите страни“. Нејзиниот генерален секретар, Ањес Каламар, во изјавата рече дека „потребна е итна акција за да се заштитат цивилите и да се спречат понатамошни неверојатни нивоа на човечко страдање“. Но, нејзиното тврдење дека „воените злосторства“ биле извршени „од сите страни“ наиде на остар одговор од Израел.
Лиор Хајат, портпарол на израелското Министерство за надворешни работи, изјави за ПОЛИТИКО дека „Амнести интернешнал е антисемитска организација која е пристрасна против Израел“, додавајќи дека „нема морален авторитет да се прикаже себеси како организација за човекови права“.
Хајат додаде: „Молкот на организацијата по злосторствата извршени од терористите на Хамас на 7 октомври, каде што беа убиени над 1.400 Израелци, вклучувајќи бебиња, деца, жени и постари лица, а над 220 луѓе беа киднапирани во Појасот Газа, само покажува дека Амнести интернешнал е пропагандна организација која работи за терористите на Хамас“.
Во Газа, во воздушните напади на Израел загинаа повеќе од 6.500 Палестинци, меѓу кои повеќе од 2.700 деца, се вели во соопштението на Амнести интернешнал.
Организацијата беше критикувана и во раните денови на руската војна против Украина, при што претседателот Володимир Зеленски го отфрли извештајот во кој се тврдеше дека тактиките на Киев за време на војната ги загрозуваат цивилите и го кршат меѓународното право. Зеленски рече дека организацијата за човекови права „е играчка во рацете на Русија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…