Објавено на:

Израел соопшти: Путин се извинил за изјавата на Лавров дека и Хитлер имал еврејска крв

t

Израел: Путин се извини за изјавата на Лавров

Според соопштението од кабинетот на израелскиот премиер, Путин и Бенет се осврнале и на неодамнешната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за Хитлер и Евреите, за која Израел побара извинување од Москва.

Станува збор за интервјуто на Лавров за италијанската ТВ куќа „Медиасет“ во кое тој рече дека во Украина има нацификација, а заробени припадници на баталјонот „Азов“ (против чии борци е покрената кривична постапка во Русија), „Ајдар“ а другите единици носат нацистички симболи и тетоважи – свастика.

Тој додаде дека кога украинскиот претседател Володимир Зеленски зборувал за тоа, тврдел дека „такво нешто не е можно бидејќи тој е Евреин“.

Лавров изјави дека „можеби греши, но дека и Адолф Хитлер имал еврејска крв“, и дека „тоа не значи апсолутно ништо, бидејќи мудриот еврејски народ вели дека најжестоките антисемитисти по правило се Евреи“.

Во таа насока, канцеларијата наведува дека Путин се извинил за зборовите на рускиот министер за надворешни работи, како и дека Бенет го прифатил извинувањето и се заблагодарил за објаснувањето за односот на претседателот кон еврејскиот народ и сеќавањето на холокаустот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…