Објавено на:

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

t

Израел на никаков начин не е вмешан во смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, изјави израелски претставник за новинската агенција Ројтерс.

„Тоа не бевме ние“, рече службеникот, кој сакаше да остане анонимен.

Во моментов сè укажува дека хеликоптерот се урнал поради лоши временски услови и слаба видливост, додава Ројтерс и објаснува: Иран и Израел се непријатели долги години, а Израел силно се противи на развојот на нуклеарната програма на Техеран.

Во различен степен, Иран поддржа, финансираше и обучи неколку групи низ регионот на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Хамас во Газа, Хутите во Јемен, Хезболах во Либан и бројни други фракции со седиште во Сирија и Ирак.

Израел ретко официјално ги коментира своите активности надвор од своите граници, кои во последните месеци вклучуваат напади во Либан, Сирија и Иран.

Во април, Иран започна директен напад врз Израел, овластен од Раиси, за кој рече дека е одмазда за, како што сметаше, израелски напад врз ирански дипломатски комплекс во сириската престолнина Дамаск, на 1 април, во кој беше убиен висок функционер во Корпусот на гардата на исламската револуција на Иран и уште осум офицери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко останува во…

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната…

Од Министереството за надворешни работи и надворешна…

Инфлацијата во еврозоната на највисоко ниво во…

Инфлацијата во еврозоната забрза повеќе од очекуваното,…

Поскапеа житото, говедското месо и шеќерот на…

Индексот на цените на храната на Организацијата…

Трамп тргнал во војна советувајќи се со…

Американскиот новинар и политички коментатор Такер Карлсон…