Израел: Хамас и натаму држи 184 заложници
Портпаролот на израелската Влада денеска соопшти дека бројот на заложници кои се уште се држат во заробеништво во Газа е 184, од кои 14 странци и 80 Израелци со двојно државјанство.
Израел и Хамас ги отворија прашањата во врска со списоците што се предадени за денешните потенцијални ослободувања.
Британските медиуми цитираат официјален претставник запознаен со разговорите дека „катарскиот тим работи со двете страни за да се реши проблемот и да се избегнат одложувања“.
Израел соопшти дека е подготвен да го продолжи четиридневното примирје доколку Хамас продолжи да ослободува заложници.
Еден израелски функционер за Ројтерс изјави дека на Хамас е да излезе со нов список од 10 заложници кои би можел да ги ослободи денеска во замена за дополнителен ден примирје.
-Тој процес може да биде продолжен најмногу за пет дена на постојното четиридневно примирје, додаде функционерот.
Хамас и Израел во петокот почнаа да разменуваат заложници за палестински затвореници и оттогаш е во сила привремено примирје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…
Велика Британија изјави дека стои зад Украина…
ВЛЕН: Се подобрува клучниот фактор – се…
ВЛЕН се обрати до јавноста со посочување…
42-годишна жена им се заканувала на сопругот…
Кривична пријава е поднесена против 42-годишна жена…
(Видео) Израелскиот министер од градилиште: „Овде ќе…
Канцеларијата на министерот за национална безбедност Итамар…
Зеленски: Во руски напад загинаа 10 лица,…
Десет лица беа убиени во руски ракетен…