Објавено на:

Израел: Хезболах нѐ носи на работ на ескалација

t

Зголемениот прекуграничен оган на либанското движење Хезболах кон Израел може да предизвика сериозна ескалација, соопшти синоќа израелската војска.

-Зголемената агресија на Хезболах нѐ доведува до раб на она што би можело да биде поширока ескалација, што може да има катастрофални последици за Либан и за целиот регион, изјави портпаролот на израелската војска, контраадмирал Даниел Хагари во видео обраќање на англиски јазик.

Хезболах, кој делува под покровителство на Иран, минатата недела истрела најголем број ракети и беспилотни летала во изминатите девет месеци откога разменува оган со израелската армија, во исто време кога продолжува конфликтот во Газа.

САД и Франција работат на преговори за решение за непријателствата долж јужната граница на Либан. Хезболах соопшти дека нема да престане да пука додека не заврши израелската воена офанзива во Газа.

-Израел ќе ги преземе неопходните мерки за заштита на своите цивили – додека не се врати безбедноста на нашата граница со Либан, рече Хагари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…