Објавено на:

Израел ја прекина струјата во Газа

t

Израел објави дека ја прекинува струјата во Газа. Целосните ефекти од оваа одлука не се веднаш јасни, според АП, овој потег ќе го загрози производството на вода за пиење.

Денешното соопштение на израелските власти доаѓа откако пред седум дена ги прекинаа сите испораки на стоки на територијата за повеќе од два милиони Палестинци.

Тел Авив се обидува да изврши притисок врз Хамас да прифати продолжување на првата фаза од нивниот прекин на огнот. Таа фаза беше завршена минатиот викенд.

Од друга страна, Хамас побара наместо тоа да почнат преговорите за втората потешка фаза од примирјето.

Газа е во голема мера уништена од војна, а за дел од снабдувањето со електрична енергија се користат генератори и соларни панели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНХЦР: Израел и Иран итно да деескалираат,…

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)…

Израел: Соборивме 40 ирански беспилотни летала

Израелските воздухопловни сили соборија 40 ирански беспилотни…

ОАЕ бара итен крај на војната меѓу…

Висок функционер на Обединетите Арапски Емирати повикува…

Седумдесет лица се убиени во последните израелски…

Вкупно 70 лица беа убиени во израелските…

Трамп не сака да врши притисок врз…

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе…