Израел ѝ го честиташе Денот на независноста на Македонија
Израел се приклучи на бројните држави и меѓународни партнери кои денеска упатија честитки до Македонија по повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од македонската независност.
Израелското Министерство за надворешни работи објави честитка на својот официјален профил на социјалната мрежа X, испраќајќи кратка, но директна порака до Македонија по повод националниот празник.
„Драга Северна Македонија, среќен Ден на независноста“, гласи пораката објавена од израелското Министерство за надворешни работи.
Честитката доаѓа во период на видливо интензивирање на дипломатските и политичките односи меѓу Македонија и Израел, при што двете земји во последниот период најавуваат продлабочување на соработката во повеќе области.
Особено значајна во тој контекст беше неодамнешната официјална посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Израел.
Муцунски во Ерусалим се сретна со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, а разговорите беа насочени кон можностите за подигнување на билатералните односи на повисоко ниво.
Меѓу областите за кои беше разговарано беа земјоделството, управувањето со водите, безбедноста, иновациите, туризмот, здравството и образованието.
Двете страни разговарале и за инвестициите и можностите за соработка меѓу одбранбените индустрии на двете земји, како и за повторно воспоставување директни авионски линии меѓу Македонија и Израел.
Македонскиот министер тогаш оцени дека односите меѓу двете земји веќе се на одлично ниво, но дека постои простор политичкото пријателство да биде преточено во многу поширока економска и практична соработка.
Односите меѓу Скопје и Ерусалим се интензивираат
Односите меѓу Македонија и Израел добија дополнителна видливост и по трагедијата во Кочани во март 2025 година.
Израел беше меѓу земјите кои испратија медицинска помош по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“, а израелски медицински експерти беа вклучени во помошта и третманот на повредените.
Во изминатиот период двете земји дополнително ги интензивираа дипломатските контакти, а македонската страна покажува интерес за израелското искуство во повеќе области – од земјоделство и управување со водните ресурси до технологија, сајбер-безбедност и одбранбена индустрија.
Посебно внимание се посветува и на економските односи.
Македонија и Израел гледаат можности за зголемување на трговската размена и инвестициите, додека повторното воспоставување директни летови би можело дополнително да придонесе за развој на туризмот и деловните контакти.
Dear North Macedonia 🇲🇰
Happy Independence Day!Sincerely,
Israel 🇮🇱@TimcoMucunski@VladaMK pic.twitter.com/OGrygYDumD— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) September 8, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…
(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…
Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…
(Фото) Сообраќајка пред влезот на Клиничкиот центар…
До нашата редакција пристигнаа фотографии од сообраќајна…
Рудниците ги полнат локалните буџети: Речиси една…
Рударските општини во Македонија располагаат со сè…
Велес со нов рекорд: Направена пита долга…
Со сечење на џиновска пита долга 4,4…