„ИЗРАСНАВТЕ ИЗРОД И УБИЕЦ“: Жена го сквернавела гробот на родителите на Путин
Нејзиниот адвокат рече дека таа не ја признала вината бидејќи физички не го осквернавила гробот и не сакала кампања во јавноста за нејзината постапка.
Руски суд денеска осуди жена од Санкт Петербург на условна затворска казна од две години, која оставила порака на гробот на родителите на рускиот претседател Владимир Путин во која пишувало дека тие „израснале изрод и убиец“.
Судот ја прогласи за виновна Ирина Цибанева (60) за сквернавење на гроб мотивирано од политичка омраза. Нејзиниот адвокат рече дека таа не ја признала вината бидејќи физички не го осквернавила гробот и не сакала кампања во јавноста за нејзината постапка.
Пораката што Цибанева ја постави на гробот пред роденденот на Путин во октомври гласеше – „Родители на манијак, земете го со себе. Тој предизвикува толку многу болка и неволја. Цел свет се моли за неговата смрт. Смрт за Путин. Израснавте изрод и убиец“, пренесе Бета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…
Мнозинството граѓани во САД и во Канада…
Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата…
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…