ИКОНА ЗА ФУДБАЛ И ЖИВОТ, ЧИСТА КЛАСА! Италија се опростува од Синиша Михајловиќ: Ја жалиме неговата смрт…

t

Фудбалскиот свет тагува.

Синиша Михајловиќ почина на 16 декември по тешка борба со леукемија.

Покрај Србија, Михајловиќ во својата играчка и тренерска кариера остави огромен белег и во Италија, а реакции на трагичната вест пристигнуваат и од таа земја.

Првата реакција дојде од Серија А каде Синиша долго време играше и работеше како тренер.

Во соопштението на италијанското првенство беше наведено дека лигата била засегната од исходот на борбата на Михајловиќ.

– Лига Серија А е длабоко тажна поради смртта на Синиша Михајловиќ, икона на фудбалот и животот. Неговата чиста класа како фудбалер и тренер, неговата сила и неговата хуманост се примери кои оставија огромна трага во италијанскиот фудбал.

Се огласи и Фиорентина, еден од клубовите со кои раководеше Михајловиќ како тренер.

– Фиорентина жали за смртта на Синиша Михајловиќ. Со неговото семејство сме поблиски – се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босанец (29) со нож и пиштол им…

Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…

Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…