Илире Даути ги блокира пратеничките прашања, Гаши мораше да ги прати на пауза

t

Наместо конструктивна дебата и одговори на пратеничките прашања, денешното продолжение на собраниската седница повторно се претвори во сцена на процедурални блокади, меѓусебни обвинувања и тензии меѓу власта и опозицијата. Парламентарните клупи беа обележани со нова пауза откако пратеничката Илире Даути од Албанската Лига искористи неколку процедурални обраќања за да побара одговор на прашање кое претходно го адресирала до премиерот Христијан Мицкоски.

Според изнесените ставови од собраниската говорница, застојот во работата на законодавниот дом е директно предизвикан од неизвршувањето на обврските на извршната власт.

Објаснувајќи ги причините за своите непрекинати барања за збор, пратеничката Илире Даути директно посочи:

„Седницата ја блокира премиерот. Да ми одговореше на прашањето, немаше повеќе да излегувам на говорница.“

Ситуацијата во салата дополнително се разгори откако Даути и покрај повиците на собранискиот спикер повторно излезе на говорницата за да побара збор по петти пат.

По меѓусебните расправии и обидите за смирување на страстите, претседателот на Собранието, Африм Гаши, беше принуден да ја прекине работата и да одреди нова пауза од 30 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…