Илијана Јотова и Кирил Волчев водат на претседателските избори во Бугарија, според првите излезни анкети
Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев води во вториот круг од претседателските избори во Бугарија со освоени 52,5% од гласовите. Ова го покажуваат резултатите од излезната анкета на социолошката агенција „Тренд“, спроведена до 19 часот.
На второто место се кандидатите Андреј Ѓуров и Георги Кандев, со 43,4% од гласовите, според истата анкета.
Вториот круг се одржува откако во првиот круг ниту една кандидатска двојка не успеа да освои доволно гласови за победа. Гласачите сега избираат меѓу двете кандидатури, а конечниот исход ќе зависи од официјалното пребројување на гласовите.
Резултатите од излезните анкети се прелиминарни и може да се разликуваат од конечните резултати. Официјалните податоци ќе бидат објавени по завршувањето на обработката на гласовите од сите избирачки места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со магнитуда од 2,1 степени…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…
Ритуал за прием со тепање, нацистички поздрави…
Бугарските власти разбиле неонацистичка организација, која се…
Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…
Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…
Русија ги загрозува бродските рути во Црно…
Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…