Илија Димовски со скриена порака до Мицкоски?! Денес нема што да славиме може само да одбележуваме
Тогаш кога Македонците ќе имаат право да кажат дека се Македонци;
Тогаш кога Македонците ќе можат да учат на македонски;
Тогаш кога Македонците ќе можат да соработуваат и живеат помеѓу себе без разлика на границите кои ги поделуваат;
Тогаш кога Македонија ќе може да се вика Македонија;
Тогаш кога Македонија ќе може да го вее знамето кое прво го развеа;
Тогаш кога Македонија ќе може да ги учи своите деца на историјата која ја помни за себе, по македонски;
Тогаш кога Македонија ќе може да ги крсти своите телевизии, театри, библиотеки, филхармонии за македонски;
Тогаш кога Македонија ќе биде Македонија, тогаш ќе имаме право да славиме, денес само смееме да одбележуваме.
Денес само одбележуваме за да се потсетиме дека ние Македонците во 21 век се уште ја немаме остварено идејата за народна слобода.
Да е вечна идејата за слобода!
Да е вечна идејата за слобода на Македонија!
Да е вечен споменот на Илинден!
Честит Илинден!
Фејсбук статус на екс-пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европските акции во плус, нафтата „брент“ 101…
Европските акции денеска главно се во пораст,…
Откриено богато војничко погребување на архајската некропола…
Богато војничко погребување со штит, шлем, копја,…
307 илјади станови празни, а цената на…
Во Македонија има доволно станови за парадоксот…
Цената на нафтата се спушта, еврото падна
Цените на нафтата паднаа бидејќи податоците покажуваат…
На денешен ден, пред 19 години: Тоше…
На денешен ден, пред 19 години, својот…