Илон Маск го ограничи бројот на твитови што корисниците можат да ги видат

t

Твитер воведува нови правила. Платформата има имплементирано привремено ограничување на бројот на твитови кои корисниците можат да ги читаат во еден ден, рече шефот на компанијата Илон Маск.

Маск објави дека непроверените профили можат да читаат до 600 објави дневно. Во меѓувреме, проверените профили се привремено ограничени на читање на 6.000 објави дневно.

„За да се справиме со екстремните нивоа на манипулација со податоци и систем, ги имплементиравме следните привремени ограничувања“, напиша Маск.

Ограничувањето конкретно се однесува на:

– Потврдените профили се ограничени на читање 6.000 објави дневно

– Непроверените профили до 600 објави дневно

– Нови непроверени профили до 300/ден

Претходно денеска корисниците ширум светот пријавија проблеми со популарната социјална мрежа Твитер.

Извештаите за прекинот почнаа на сајтот DownDetector во 12:19 часот и продолжија во текот на денот. Три часа подоцна, истите проблеми се уште постојат и корисниците стануваат фрустрирани, пишува „Дејли мејл“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ги запира преговорите на Црна Гора…

Хрватска не сака прашањето за разграничување на…

Поради силен ветер: На неколку патни правци…

ЈП „Македонијапат“ вечерва информира дека поради силен…

Силен ветер со брзина над 80 километри…

Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен…

Трамп им се јави на европските лидери…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку телефон…