Објавено на:

Илјадници патници заглавени на европските аеродроми поради прекин на радио-врските во Грција

t

Поради нарушувања на летовите низ цела Грција, предизвикани од технички проблем со радио-комуникациите со авионите, аеродромот во Солун денеска беше целосно затворен откако комуникацијата во воздушниот сообраќај беше прекината, пишува британската јавна радиотелевизија BBC.

Илјадници патници останаа заглавени на аеродроми низ Европа откако проблемот со радио-врските ја принуди Грција да го затвори својот воздушен простор, што предизвика бројни откажувања и доцнења на летовите.

Надлежните служби се обидуваат да утврдат зошто од утрово е нарушена радио-комуникацијата, што доведе до привремен застој на пристигнувањата и поаѓањата на авионите.

Поаѓањата на мал број авиони сепак се дозволени, додека на авионите што треба да слетаат и понатаму им се наложува да го пренасочат летот или да се вратат на аеродромот од кој полетале.

Долготрајниот прекин на сообраќајот, кој трае од утрово во 08:59 часот, предизвика загриженост кај патниците дека нема да можат да се вратат дома пред почетокот на работната недела.

Главниот аеродром во Грција, во Атина, е меѓу најпогодените. Само на тој аеродром и од него се откажани повеќе од 90 летови.

Член на персоналот на аеродромот изјави за BBC дека во моментов е дозволено полетување на 35 авиони на час, но дека сè уште не е можно да се примаат пристигнувачки летови.

На летовите од Даблин, Барселона и Париз претходно им било наредено да се вратат на аеродромите од кои полетале, додека летовите од Копенхаген и од Малта биле целосно откажани.

Другите пристигнувања во Атина се на чекање, а погодени се и летовите од и кон другите грчки аеродроми. Три лета од аеродромот Ираклио на островот Крит, вклучувајќи и еден за Минхен, се одложени, објави грчката јавна телевизија ERT.

Поголемиот дел од пристигнувачките летови се пренасочуваат кон Турција или се откажуваат, известува ERT.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…