Имало и лидери со памет, Милановиќ го шокираше Западот: Нема да дозволам обука на украински војници во Хрватска

t

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека како врховен командант ќе биде против идејата за обука на украински војници во Хрватска, бидејќи, како што вели, тоа би значело војна во Хрватска.

„Јас не ја поддржувам таа идеја затоа што не го поддржувам вклучувањето на Хрватска во оваа војна повеќе отколку што треба. Ние сме коректни, обединети сме и тоа е тоа. Не подалеку од тоа. Јас како врховен командант нема да го одобрам. Не сум слушнал за предлогот, но однапред кажувам дека не ми се допаѓа, тоа и носи војна на Хрватска“, изјави Милановиќ.

„Однапред велам да не одиме по тоа, а за се што мислиме да донираме – немам никакво влијание врз тоа. Тоа се материјални средства, тоа го одредува владата. Тоа го поддржувам само ако добиеме средства за замена многу јасно. Не можам да поддржам одземање на крвотокот на хрватската одбрана. Хрватската одбрана е на прво место, потоа долго време ништо, па НАТО па другите“, изјави Милановиќ, пренесе загрепската телевизија N1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…

Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…

Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…

Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…

Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…