Имало хакерски напад но нема излевање на податоци од системот, велат од ФЗОМ

t

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија информира дека кибер-нападот со кој се справува се случува непосредно пред планираната миграција на системската инфраструктура, и оти анализите на експертските тимови покажуваат дека нема излевање на податоци надвор од базите на оваа институција. Техничките тимови на ФЗО, посочуваат оттаму, приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите.

– ФЗОМ ја известува јавноста во врска со забелешките од ревизорскиот извештај кои беа објавени во текот на денешниот ден од неколку медиуми, дека лиферираните информации се забелешки кои се однесуваат на 2021 година и по кои Фондот уште од минатата година постапува. Конечниот извештај за извршена ревизија на ревизорите од Државниот завод за ревизија, доставен на 23 јануари 2023 односно минатиот месец, укажува дека „во текот на 2022 година отпочната е постапка за јавна набавка на услуги за изнајмување на приватен облак за примарен и секундарен податочен центар во Фондот и миграција на апликации и податоци со кои се очекуваше состојбата да биде надмината, велат од ФЗО.

Јавната набавка, појаснуваат оттаму, е распишана на 30.09.2022 година, додека договорот е склучен на 09.12.2022 година, при што селектираната компанија започнала со работа од 1 јануари 2023. Според планот и спецификацијата, првата фаза односно миграцијата на системската инфраструктура требаше да се реализира во текот на оваа недела, кога всушност се случил нападот, а после која фаза би почнала миграцијата на апликативна и податочна инфраструктура.

-Анализата на експертските техничките тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.  Техничките тимови приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите.  Во интерес на транспаретно и прецизно информирање на јавноста, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, Фондот навремено ќе информира, велат од Фондот за здравствено осигурување. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој кого лаже? Се јави вториот директор…

Вториот директор на Фондот за здравство, Фатон…

Бесими нема информации дека им е платен…

Системот (на ФЗО) беше нападнат, од кои…

(Видео) Наместо да протестираат за ФЗОМ опозицијата…

Се губат податоци, се крадат податоци, измислуваат…

Платите и дежурствата на специјализантите и младите…

Во врска со реакцијата на специјализанти и…

Хакерите бараат откуп од 20.000 биткоини да…

Откуп од 20.000 биткоини бараат хакерите за…