Имал потекло од Тетово: Блажевиќ двапати за малку не станал селектор на Македонија!

t

Легендарниот хрватски тренер, Мирослав Блажевиќ, кој почина денеска на 88-годишна возраст по долга борба со ракот, во минатото за малку двапати не стана селектор на Македонија за што жалеше речиси цел живот.

Во интервју дадено за тогашниот дневен весник „Вест“, тој изрази жалење што во 2009 година не ја доби довербата наместо Мирсад Јонуз, а неговото име се споменуваше и четири години претходно, пред да биде наименуван Слободан Сантрач, кога наводно бил прескап за луѓето од ФФМ.

„Се сеќавам, вашиот тогашен претседател на ФФМ (Хари Хаџи -Ристески н.з.) беше упорен за селектор да постави Македонец и ме одби. Можеш да замислиш, го одби Ќиро со целиот свој авторитет и со сите успеси што стојат зад него за некој си тренер кој морал да биде од Македонија. Неверојатно!“, изјави тогаш Блажевиќ.

Тој потоа откри податок што малкумина го знаеле.

„Па и во мене тече македонска крв! Дедо ми е Македонец со потекло од Тетово. А ако тогаш бев поставен за ваш селектор сигурно ќе бевте први во квалификациската група и ќе игравте на завршницата на ЕП во Полска и Украина. Лесно ќе бевме први во групата и сега ќе го величавте Ќиро. Верувај ми, пред тој разговор со вашиот претседател секогаш кога играше Македонија ја гледав како своја репрезентација и навивав за неа, но откако ме одби, повеќе не е така – рече тогаш “тренерот на сите тренери” како што го нарекуваат во Хрватска.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тензично во Чашка: Полицијата едвај ја…

Нема договор за албанската паралелка во ОУ…

Вечерва “Тешки муабети” со Стевчо Јакимовски

Не пропуштајте ја денешната епизода на Тешки…

Трагедија во кичевско: Ловџија по грешка застрелал…

Четириесетгодишен ловџија од кичевското село Осој починал…

Претреси во Битола: Запленето оружје!

Полициски службеници од СВР Битола денеска (13.12)…

Вархеи: Подготвени сме побрзо да го интегрираме…

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер…