Имаме информации дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз ДКСК да го скрие случајот фамилјарно патување за Вашингтон
Според информациите кои доаѓаат до СДСМ, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски вршат притисок врз ДКСК за да се заташка случајот со истрагата за фамилијарното патување со синот за Вашингтон, објавија од опозициската партија.
– Мицкоски веќе трет ден бега и се крие да објави приватни сметки кои тврди дека ги платил лично за патувањето, што јасно укажува дека тоа не го направил.
СДСМ поднесе барање до сите институции за пристап до информации од јавен карактер, па да видиме дали ќе се одважат конечно да ги објават податоците кој се шетал на сметка на граѓаните во САД.
Според нашите сознанија има уште неколку работи кои се интересни за јавноста за оваа прошетка на Мицкоски кои се држат во тајност. Но, СДСМ набрзо ќе ги открие.
Им порачуваме да ги тргнат рацете од институциите и дека 2016 година одамна е помината. Брзо ќе се открие вистинското лице на ново режимско ВМРО-ДПМНЕ ако продолжат да го прават тоа, а граѓаните тоа жестоко ќе го казнат.
Повеќе од јасно е дека Мицкоски е преплашен од истрагата и инфомрациите кои ги крие. Но како што љубеше да каже менторот на Мицкоски, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезе на површина. – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…
Економските резултати се мерат со бројки, а…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…
Со нови проекти, нови производствени капацитети и…