„ИМАМЕ МУНИЦИЈА ЗА 12 МИНУТИ БОРБА“ – Невиден шок за Украина на источниот фронт, РУСИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАПАД НА КУПЈАНСК?

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупредува дека Русија концентрирала најголем дел од своите резерви во областа северно од градот Купјанск.

Ова е предизвик со кој наскоро би можеле да се соочат припадниците на украинската 32 бригада, кои се задолжени за одбрана на територијата.

– Ни напаѓаат и ја пробиваат бодликавата жица за да можат да поминат – им рекол на британските новинари еден војник со уморен изглед по име Саша.

Тој наведува дека Русите до пред некој ден ги напаѓале нивните позиции еднаш или двапати дневно, но сега нападите се континуирани.

Зеленски е очаен да ја ресетира и вооружи украинската војска и предупреди дека „вештачкиот дефицит“ на оружје и дава простор на Русија за напад. Водечките американски воени функционери го делат тој став и нагласуваат дека бранот може да се претвори во „значајна предност“ на Русија поради 60 милијарди долари од американското финансирање за Украина што беше блокирано од поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп во Конгресот.

Британските новинари пронајдоа членови на противтенковска единица кои се борат да го опремат нивниот единствен ракетен фрлач. За оживување на базука од советската ера беа користени шрафцигери и чекан. Командантот наведува дека доверливоста на оружјето е проблем, но дека недостигот од гранати е многу поголема главоболка.

– Имате ли доволно гранати – прашаа новинарите.

– Не, недоволно, имаме доволно за 12, 13, 15 минути борба. Тоа е тоа – одговара командантот со прекар Август.

– А после 12 минути? Што тогаш – продолжија новинарите.

– Ќе го земеме автоматот и ќе пукаме – мрачно одговори тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…

ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…

Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…

Европските министри за надворешни работи ќе се…

Европа се соочува со огромен недостиг од…

Европската енергетска криза може да добие нова…