Имаме со што да се гордееме: Охриѓанката Емилија Николовска донесе бронза за Македонија на Светска олимпијада по физика

t

– Емилија Николовска со своите 17 години сака да го открие непознатото. Вредно да го истражува и да му донесе нешто ново на човештвото. Емилија е од Охрид, а учи во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Иако е на летен распуст, таа не мирува. Неодамна освои бронзен медал на Светската олимпијада по физика.

– Имаше селекционен натпревар и од Македонија бевме одбрани пет ученици. Натпреварот беше тежок. Беше потребна претходна подготовка, имавме часови со професори и асистенти од ПМФ, но се припремавме и сами. Имаше вкупно околу 400 деца од осумдесет земји од светот. Искрено, немав очекувања, пријатно се изненадив зашто задачите беа потешки од лани. Дадов сѐ од себе и се спремав колку што можев и ете, тоа се исплати и сега имам заслужен одмор. Ова е најголем успех на Македонија на оваа олимпијада по физика, раскажува Емилија.

Светската олимпијата е во организација на Швајцарија и требало да се одржи во Белорусија. Меѓутоа поради состојбата во Украина се одржала онлајн.

Ова не е прва награда на Емилија. Таа досега има добивано општински, регионални, државни и меѓународни награди на натпревари и олимпијади по хемија, информатика, програмирање, математика, а додека учела основно училиште и награди по англиски, германски…

– Мал проблем е дека не можам да учествувам на сите олимпијади зашто се поклопуваат датумите и морам од нешто да се откажам, вели Емилија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раководител во „Комунална хигиена“ се заканувал со…

Раководител во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ бил…

СОСЕДИТЕ НАЈДОА БАКАР, НАШИОТ ВО ИЛОВИЦА НЕ…

Бугарија повторно се позиционира како еден од…

Коронавирусот е присутен и оваа сезона, регистрирани…

Во изминатата недела во земјава биле потврдени…

Хрватските студенти и средношколци ја бојкотираат наставата,…

Учениците во средните училишта и студентите во…

Велика Британија ги ажурираше фрижидерите за да…

Британска операција за сајбер безбедност ја среди…