Имаше и солзи на крајот: Рафа Надал порача дека „овде е крајот!“
Рафаел Надал потврди дека ова му е последно учество на мастерсот во Мадрид.
Иако тој играше доста добро во Мадрид, сепак, турнирот го заврши во осминафиналето. Беше поразен од Јиржи Лехачка со 2:0 во сетови и на заминување од теренот, имаше свое простување од публиката и најава дека овде стапнал за последен пат како професионален играч.
За него организаторите подготвија специјален трофеј, по што имаше и краток говор од негова страна.
– Ова беше еден од оние моменти, кога ви доаѓа тешко на душата, но мојот живот и моето тело веќе ми праќаат сигнали.
– Мојот сон беше да завршам овде, на овој терен, имав среќа во животот својата страст да ја претворам во работа, привилегиран бев. Сон ми беше да играм на сите овие турнири, на кои имав успеси. Сакав да играм и во Монте Карло, но телото не ми дозволуваше. Кариерата оди кон крајот, имам уште неколку лични мотиви за следните недели и сакам да видам дали можам да ги остварам, порача Рафа Надал на крајот.
Rafa Nadal waves goodbye to the crowd in Madrid for the very last time.
Listen to that noise.
That’s the sound of 13,000 people who’ve been inspired & moved by what this man has given to the sport for so many years.
A king leaving his kingdom. 👑🥹
pic.twitter.com/eK5ZxseVzq— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) April 30, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп вели дека САД ќе ја задржат…
Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека…
(Видео) Најмалку 44 загинати откако преполн траект…
Најмалку 44 лица загинале откако преполн траект…
Брисел подготвува нови правила за проширувањето на…
Европската Унија подготвува измени во правилата за…
ФФМ донираше 1300 столчиња за Градскиот стадион…
Александар Андов, претседател на ОФС Кочани, денеска…
За првпат во Македонија изречена казна за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска…