Има централни полициски потерници: Обвинителството за 4-цата недостапни насилници по упадот во контролата на летање
Откако судот неколкупати потенцира дека нема никакви предлози за 4-цата избегани по упадот во МНАВ, од обвинителството на прашање на Телма одговорија дека се преземени сите мерки во рамка на истрагата и според важечките прописи.
-По лицата во моментов се трага врз основа на централен распис. Пред да биде распишана меѓународна потерница потребно е да бидат преземени сите мерки на национално ниво за пронаоѓање на лицата на територија на РСМ. Доколку не бидат пронајдени, МВР за тоа треба да го извести обвинителството. Потоа според меѓународните конвенции за екстрадиција најпрво судија на претходна постапка треба да определи мерка притвор во отсуство за лицата кои не се достапни на органите на прогонот, по што обвинителството може да побара да биде распишана меѓународна потерница, ја објаснија од обвинителството во одговор за Телма, правната процедура за недостапни осомничени.
Обвинителството осомничи 8-на насилници од групата на Беким Незири, функционер на ДУИ и советник на директорот на МНАВ, за кривично дело по член 303 став 2 за дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Судот не им определи притвор на 4-цата приведени, меѓу кои и Незири, иако се осомничени за дело за кое минимална казна е 5 години затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Флора Кадриу е нова претседателка на Комисијата…
Флора Кадриу е избрана за нова претседателка…
Протече вознемирувачко видео од смртта на претепаниот…
На социјалните мрежи се појави целосната снимка…
Пронајдени наркотични материи и вага во возило…
Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…